Актерката Џенифер Анистон го прослави својот 52 роденден и на својот Инстаграм објави фотка со својот фризер Крист Мекмилијан каде што тој и прави фризура и позира со неа.
Фановите веднаш ја лајкуваа и и честитаа, а меѓу брјните честитки беше и онаа од бившиот сопруг Џастин Теру, кој и напишал: “Среќен роденден, Џенифер. Те сакам, Б.
Бројни коментари Џенифер доби и за својот изглед каде што фановите и дадоа комплименти за нејзиниот младешки изглед и убавина: „Каква фотографија“, „Зошто е толку убава“, „Таа е прекрасна, ова е одлична фотографија“, напишале обожавателите.