По изјавата во медиумите дека раскинувањето е само озборување Џенифер Лопез и Алекс Родригез сеуште не ја убедија јавноста и таблоидите дека се сеуште заедно.
Таблоидите и светските медиуми и понатаму пишуваат и објавуваат нови детали за парот од нивни блиски извори.
За некои од таблоидите близок пријател на парот потврдил дека парот веке некое време оди на советување а додека друг додава дека Алекс го предизвикал раскинот заради неверство со старлета.
Последна која што на својот Инстаграм објави видео со рап песна и свои монтирани фотографии.
Во првите два часа видеото било прегледано повеќе од милион и пол пати, а пораките кои ѝ ги оставиле фановите се поддршка и воодушевување: „Кажи им, кралице“, „Покажи им како се прави тоа“, „Запаметете дека таа е од Бронкс“, се само дел од коментарите.
А во меѓувреме, прославениот спортист Алекс Родригез не зборувал многу. На стори објавил фотографија со чаша вино за добра ноќ, и уште една за добро утро од Мајами.