Home INFO 🥶Еве кои се прогнозите на метеролозите за оваа зима

🥶Еве кои се прогнозите на метеролозите за оваа зима

реклама:Лето во Банско

Според најновите анализи кои се засновани на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), пред нас е зима која нуди обилни врнежи од дожд и снег велат метеролозите.

Во месеците декември, јануари и февруари се очекуваат пообилни врнежи дождот и снегот од нормалното, што ќе создаде идилна снежна сцена не само кај нас, туку и во целиот регион.

Температурите ќе бидат малку над просекот, што значи не очекува поблага зима, но со многу повеќе снег за разлика од изминатите години. Секако дека поларниот вртлог повремено и кај нас ќе придонесува екстремно ниски температури на воздухот.

Оваа зима повторно целиот регион, но и нашата Македонија ќе стравува од нови временски непогоди, кој стануваат се посилни и посилни. И оваа зима ќе стравуваме од појава на поплави и свлечишта поради очекуваните чести и обилни врнежи од дожд и снег.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------