Home INFO Ѓоковиќ на работ да се повлече од Ролан Гарос по повреда на...

Ѓоковиќ на работ да се повлече од Ролан Гарос по повреда на коленото

реклама:G Natural

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер, не ја исклучува можноста за повлекување од Ролан Гарос поради повреда на коленото.

Во осминафиналето против Франсиско Серундоло, кој го победи со 3-2 по повеќе од четири и пол часа игра, Ѓоковиќ го повреди коленото.

На прес-конференцијата, тој изјави дека ќе направи магнетна резонанца во вторник за да утврди колку е сериозна повредата.

„Постои шанса да се откажам. Зависи од тежината на повредата и колку е направена штета. Ќе се молам сè да биде во ред“, рече Ѓоковиќ.

Многумина коментираа дека Новак не е во форма, но тој одговори: „Луѓето сакаат да судат од удобна фотелја. Не чувствувам дека е соодветно да навлегувам во детали за повредата. Се надевам на позитивни вести по магнетната резонанца.“

Доколку реши да продолжи, во четвртфиналето ќе се соочи со Каспер Руд.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------