Home INFO 10 запросувања кои завршија брутално болно (видео)

10 запросувања кои завршија брутално болно (видео)

реклама:G Natural

На некои не им е доволно едноставно да го постават прашањето.

Не, тоа мора да биде пропратено со сензационален гест и тоа пред што поголема публика.

За жал, имаме примери на кои тоа не им успева секогаш.

За почеток, мал совет. Освен ако сте 100% сигурни дека вашата партнерка или партнер го чуствува истото што и вие, можеби идејата за запросување пред многу публика и не е најдобра идеја. А, еве и зошто…

Романтика на кошаркарски натпревар

Ова сирото момче клекна пред својата девојка на теренот на полувремето на кошаркарски натпревар и не се прославил баш. Целата сала гледала во нив и ја чекала нејзината реакција и сигурно не се надевала на тоа што го добила.

Во живо на телевизија

Кога во прашање е запросување, одговорот „можеме ли за тоа да зборуваме подоцна“ веројатно не е тоа што очекувате…

Во ресторан

Можеби ниту запросувањто во ресторан во трговски центар не е најдобра идеја, па дури ниту после една година забавување. Барем ако го прашувате ова момче кое прилично тешко го поднел добиениот одговор.

Повторно кошаркарски натпревар

Да појасниме пред да го погледнете видеото… За време на полувремето маскотата од публиката ја извлекла девојката да му помогне во забивањето со затворени очи. Додека очите и биле затворени, на теренот излегло нејзиниото момче и клекнало пред неа со прстен. Меѓутоа, реакцијата дефинитивно не била очекувана, туку ваква каква што ќе ја видите.

Во црква

Ова видео на YouTube го постави главниот актер на целата приказна. Имено, девојката Марша одлучил да ја запроси по една ипол година врска. Очигледно безуспешно…

На концерт

Голем фан на канадскиот бенд Born Ruffians се качил на бината во текот на концертот за да ја запроси својата девојка која, веројатно до тој момент се наоѓала во публика. Не можеме со сигурност да знаеме како се завршило. Девојката можеби навистина била во тоалет па не слушнала што се случува… Се надеваме

Онака попатно, на улица

Солзите во ваква ситуација не се лоши. Но не вакви солзи…

На безбол натпревар

Оваа рекација сигурно не ја очекувал.. А откако го погледнавме видеото, единствено што можеме да кажеме е – а можеби е и така најдобро.

Прстен во балон

Океј, ова запросување може и не завршило несреќно, тоа никогаш нема да дознаеме, но секако не поминало како што треба…

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------