Home INFO 5 јануарски намирници против грип

5 јануарски намирници против грип

реклама:

Во периодот на грипови, нутриционистите советуваат да го бомбардирате вашето тело со витамини, минерали и антиоксиданси.

Иако тие не го спречуваат грипот, сепак ќе ви помогнат да го подобрите имунитетот и лесно да се справите со зголемената температура.

Ова се петте намирници кои ви ги препорачуваме за овој период од годината.

Морков

Морковот е зеленчук богат со бета каротен, кој во телото се претвора во витамин А.

Витаминот А е еден од клучните регулатори на имунитет. Освен тоа, тој ќе ги заштити дишните патишта, системот за варење и внатрешниот тракт.

Морковот е нискокалоричен зеленчук и најдобро е да се конзумира свеж или како додаток во салата.

Доколку го готвите имајте на ум дека губи дел од неговата нутритивна вредност.

Мандарини

Само една мандарина на ден ќе ја зголеми вашата енергија, бидејќи ова овошје содржи 60% од дневната потреба за витамин Ц.

Најдобро е да ги јадете рано наутро, а можете да ги користите и како додаток во зимските салати со зелено овошје.

Грејпфрут

Грејпфрутот освен што е богат со витамин Ц, тој изобилува и со влакна кои предизвикваат чувство на ситост.

Ова овошје го намалува нивотот на маснотии во крвта и се смета за одличен сојузник во борбата против вишокот калории.

Грејпфрутот може да го јадете свеж или да го додадете во мултивитамински сок.

Конзумирајте го во умерени количини бидејќи истражувањата велат деа тој може да го зголеми дејството на одредени лекови.

Магдонос

Магдоносот е билка која најмногу се употребува за подготовка на вкусните зимски супи. Богат е со витамин Ц, влакна и калиум, но има и поголема нутритивна вредност од морковот.

Освен во заштита од грип, магдоносот ќе ја стимулира и работата на бубрезите и јетрата и го чисти организмот од токсини.

Кељ

Кељот е богат извор на витамин К, кој ни е потребен за здрави коски.

Истотака, докажано е дека витаминот К го штити организмот од развиен облик на деменција, вклучувајќи ја тука Алцхајмеровата болест.

Со готвење се губи неговата нутритивна вредност, па внимавајте да не го преварите при подготвувњето.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------