Home INFO Како да го спречите пукањето на кожата на рацете во зима

Како да го спречите пукањето на кожата на рацете во зима

реклама:Велигден со Стаф

Сувата и испукана кожа на рацете во зимскиот период е вообичаена, а главните причинители за ова се сувиот воздух и врелата вода со која за време на ладните месеци сме често во контакт.

Дерматолозите препорачуваат три едноставни чекори кои ќе направат кожата на вашите раце повторно да е мазна и хидратирана.

Прво што треба да направите е да се ослободите од мртвите клетки. На тој начин ќе и помогнете на кожата да ја задржи влагата и полесно да ја впие кремата.

Пилингот на рацете правете го после секое туширање, но доколку вашата кожа е црвена и оштетена, тогаш избегнувајте го додека истата не се врати во нормала.

Кога миете садови или сте во контакт со некое хемиско средство заштитете ги рацете со ракавици.

По домашната нега на рацете, како пилингот и хранењето на кожата со хидратантна крема, ставете тенки памучни ракавици.

Најдобар избор се спа ракавиците кои ќе ја смират иритираната и испукана кожа.

Честото миење на рацете, особено со топла вода, придонесува кожата да пука, па најдобра опција е да ги миете рацете со млака вода и неутрален сапун.

Високата температура во затоплените простории и сувиот воздух дополнително ќе ги исушат вашите раце.

Поради тоа најдобро е да набавите освежувач на воздух кој ќе ви помогне полесно да дишете, а кожата ќе биде помалку сува.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------