Home INFO Ајфеловата кула порасна за неколку метри (видео)

Ајфеловата кула порасна за неколку метри (видео)

реклама:4U PHARMA

Од вчера, најзначајното одбележје на градот Париз, познатата Ајфелова кула е повисока за шест метри.

Над кулата висока 330 метри е поставена шестметарска радио антена, која тежиоколу 350 килограми а заедно со инсталацијата чини околу еден милион евра.

Ајфеловата кула или Челичната дама како што многумина ја нарекуваат, била изградена од Густав Ајфел во 1889 година како изложба за Светскиот саем по повод стогодишнината од Француската револуција.

Составена е од 18.038 делови од леано железо, со помош на 2,5 милиони нитни. Тежи 7.300 тони а до врвот има 16.665 скалила.

Кога била изградена кулата, многу парижани ја сметале за потсмев и дека треба да се урне, а денес има се смета за едно од ремек-делата на светската архитектура, и е симбол на градот Париз.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------