Home INFO Ја озборуваат и ја мразат, Анџелина Џоли никој од колегите не ја...

Ја озборуваат и ја мразат, Анџелина Џоли никој од колегите не ја сака

реклама:Велигден со Стаф

Магазинот „US Today“ од извори во филмските студија во Холивуд, открива дека актерката Анџелина Џоли е најомразената личост во филмскиот бизнис.

„Нејзината репутација претрпе големи удари во последните неколку години и се чини дека таа нема да се подобри“, е проценката на еден „инсајдер“. „Неа буквално ја избегнуваат актерите од А-листата на големите настани. Многу луѓе во Холивуд, од сопственици на студија до обични работници, ја нарекуваат чудак и ужасно лажна личност“, рече тој.

Сепак, повеќето не се осмелуваат да и го кажат тоа в лице. Но мејлот што излезе во јавноста, напишан од холивудскиот продуцент Скот Рудин, добро ја прикажува реалноста.

Во него, тој, наводно, ја нарекол Анџелина „минимално талентирано разгалено детиште“ со „лудо его“, кое е „сериозно надвор од здравиот ум“. Скот подоцна јавно и’ се извинил на Анџелина за пораката.

Популарноста на Анџелина кај колегите најмногу опадна поради нејзиниот развод од Бред Пит и борбата за старателството над децата, 18-годишната Медокс, 14-годишната Шајло, 11-годишната Нокс, 15-годишната Захар, 15-годишната Пакс и 11-годишната Вивиен.

„Таа се обиде да го оцрни Бред и да го прикаже како татко кој ги злоупотребувал своите деца и сега тоа и се удри од главата“, рече изворот.

„Никому не му се допаѓа тоа што се обидува да го држи Бред подалеку од децата или дека го нарекува лош татко кога се докажаа дека тој и$ позајмил осум милиони долари за да купи вила во Лос Анџелес, и дека тој дал повеќе од 1,3 милиони долари за неа и за нивните деца. Бред не е совршен, но тој излезе од сево ова чист како солза признавајќи ги своите грешки и се исчисти од пороците“, заклучил изворот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------