Home INFO Ова се билките кои ќе ви помогнат да се спасите од комарците?!

Ова се билките кои ќе ви помогнат да се спасите од комарците?!

реклама:Велигден со Стаф

Во сезона на комарци сите бараме начин како да се спасиме од овие инсекти.

Постојат многу совети за помош при ублажување на чешање од убод на комарци. Веројатно ви е познато дека со коцка лед, замотана во крпа, може да го ублажите воспалението и чешањето, но најголемата грешка што може да ја направите е да си создадете рана на кожата предизвикана од чешање.

За ублажување помагаат гел на база на алое вера, медот кој благотворно влијае на зарастување рани, сок од лимон помешан со малку босилек и слично. Многу често се занемарува употребата на билки, па токму затоа одвоивме неколку корисни совети за билки кои помагаат при убоди од комарци.

1. Босилек

Освен што убаво мириса босилекот ги одбива комарците. Може да го ставите каде било, од внатрешната страна на прозорот, на терасата, во градината и слично.

2. Лаванда

Лавандата е позната по убавиот мирис и по тоа што ја разубавува атмосферата каде и да ја поставите, особено кога ќе расцвета. Маслото од лаванда ги одбива комарците и мувите, така што ем убаво ќе ви мириса ем ќе ги одбегнете непријатностите со некои инсекти.

3. Жалфија

Освен што е добра за гаргара жалфијата е уште една билка чиј мирис не им се допаѓа на комарците. Таа е одбивна и за крлежите, а нејзиниот мирис е привлечен за малите птици како колибри.

4. Нане

Нането е одлична билка за чај и како свеж додаток за мохито и други освежителни коктели, но е одлична и за одбивање на комарци. Може да го одгледувате на тераса или да го чувате во кујна, зависно од потребите и од годишното доба. Во зима се препорачува да го чувате дома.

5. Лимонова трева

Маслото од лимонова трева се користи во многу индустриски производи за одбивање инсекти, така што воопшто не е лошо да ја имате при рака оваа билка. Без разлика дали ја одгледувате надвор или внатре, таа е одбивна за мувите и за комарците.

6. Маточина

Многу отпорна билка која може да ја чувате и имате во текот на целата година. Земете неколку свежи листови, згмечите ги со рацете и со сокот поминете по изложената кожа, тоа ќе ги спречи комарците да слетаат на вас и ќе го ублажи чешањето.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------