Home INFO Академијата отвори истрага за инцидентот, ова се можните последици за Вил Смит

Академијата отвори истрага за инцидентот, ова се можните последици за Вил Смит

реклама:hotel PREMIER

По инцидентот на доделувањето на Оскарите, Вил Смит му се извини на Крис Рок.

Во објава на Инстаграм, Смит напишал дека неговото однесување на свеченото доделување на награди било неприфатливо и непростливо.

“Сакам јавно да ти се извинам, Крис. Бев вон себе и згрешив” – напиша актерот.

Хаосот на Оскарите настана откако Крис се пошегува со сопругата на Смит поради нејзината избричена глава. Шегата тешко и падна бидејки таа со години се бори со автоимуно заболување поради кое останала без коса.

Шегите на моја сметка се дел од мојата работа, но шегата за здравјето на Џеда беа премногу за мене па емотивно реагирав. Се срамам и мојата постапка не укажува на тоа каков човек сакам да бидам – порача Вил Смит.

Академијата на филмската уметност и наука која брои 9000 членови, го осуди инцидентот.

Официјално започнавме истрага за инцидентот и понатаму ќе истражуваме во согласност со нашиот правилник, стандардите на однесување и законот. – наведува Академијата.

Кршењето на правилникот може да резултира со суспендирање или исклучување од Академијата, одземање на наградата или пак суспенрирање на идни награди за актерот.

Истата вечер Вил Смир освои Оскар за најдобар актер.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------