Home INFO Актерот на Дизни го очекува долгогодишна затворска казна

Актерот на Дизни го очекува долгогодишна затворска казна

реклама:

Како што објави порталот TMZ, актерот Стони Вестморленд се соочува со обвинување за педофилија.

Стони бил уапсен викендов поради сомневање дека на интернет наговарал на секс малолетно лице. Не е познато од кој пол е малолетното лице, но станува збор за 13 годишно дете.

Американскиот актер се допишувал со малолетното лице и го наговарал на секс и испраќање експлицитни фотографии преку онлајн апликација за запознавање, што е забрането со закон.

Доколку обвинувањата се потврдат, Вестморленд го очекува долгогодишна затворска казна.

Стони е познат по улогата на дедо во телевизиската серија „Енди Мек” која се емитува на каналот Дизни.

Вестморленд доби отказ од „Дизни“ веднаш по апсењето

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------