Францускиот актер Жерар Депардје наводно го нападнал познатиот италијански папарацо Рино Барилари пред кафуле во Рим, пренесуваат медиумите.
Депардје вечерал со две жени кога Барилари почнал да ги фотографира, што довело до инцидентот.
Според сведокот Џани Риота, Барилари неколку пати бил замолен да престане со фотографирањето.
Додека го напуштал барот, една од жените го видела Барилари, а Депардје се вмешал и почнал да го удира.
Адвокатот на жената тврди дека Барилари ја допрел клиентката по градите, а Депардје се обидел да ја одбрани