Младата пејачка Анастасија Ражњатовиќ реши да се забавува за време на изолацијата, па со своите следбеници на Инстаграм споделуваше интимни делови од својот живот.
Ќерката на Цеца откри кој е нејзиниот најголем досегашен блам, кој воедно и ја научил дека најдобро е да си верува најпрво на себеси.
“Кога имав 13 години, ми се допаѓаше едно момче. Пријателка која беше постара и поискусна од мене ме советуваше да му испратам некој љубовен стих. После ова, тој никогаш не се јави! Ниту пак се видовме или слушнавме. Ми доаѓаше да се убијам после ова” – раскажала убавата пејачка.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------