Home INFO Андреа по втор пат се извини! Јавниот сервис размислува дали да ја...

Андреа по втор пат се извини! Јавниот сервис размислува дали да ја повлече од настапот на Евровизија

реклама:hotel PREMIER

Непромислениот гест на македонската евровизиска претставничка Андреа која за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме наиде на остра реакција на јавноста.

Македонската Радио Телевизија (МРТ) соопшти дека ја разгледува можноста за повлекување на младата пејачка од Евровизија, по што Андреа упати јавно извинување.

Денес, младата пејачка повторно се огласи и преку Инстаграм уште еднаш и се извини на јавноста.

„Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја. Се извинувам уште еднаш од сè срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и наредните денови“, напиша таа на „Инстаграм“.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------