Home INFO Апел за донации за продолжување на потрагата по исчезнатото момче на Халкидики

Апел за донации за продолжување на потрагата по исчезнатото момче на Халкидики

реклама:G Natural

Денес е шестиот ден од потрагата по исчезнатиот македонски државјанин на Халкидики.

Потрагата почна во саботата попладне, кога трите момчиња влегле во море на плажата Мити во Посиди а поради лошото време, струите и брановите ги оддалечиле од брегот.

Двете момчиња се спасени, а сеуште се трага по Мартин, третото момче.

Иван, второ момче кое беше пронајдено по 19 часа поминати во вода, на социјалната мрежа фејсбук побара сите кои се во можност да донираат, за да се олесни товарот на семејството на Мартин.

„Јас, Иван, второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата.“,напиша тој на фејсбук.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------