Home INFO Apple склучил договор со OpenAI за интегрирање на ChatGPT во iOS 18

Apple склучил договор со OpenAI за интегрирање на ChatGPT во iOS 18

реклама:G Natural

Apple вредно го подготвува претстојниот iOS 18, кој ќе го претстави на WWDC конеференцијата на 10 јуни, а потоа наесен ќе биде достапен на сите iPhone модели до iPhone 11.

Пред официјалната премиера, познатиот аналитичар Марк Гурман подетално ги опишува новите опции за прилагодување на интерфејсот, досега невидени во таборот на Apple.

Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман тврди и дека iOS 18 ќе донесе можност за поставување на иконите на апликациите каде било на почетниот екран, како и опција за промена на бојата на иконите.

Според Гурман, Apple ќе имплеменетира вештачка интелигенција во своите клучни iOS апликации, а не само во асистентот Siri. Голем број апликации за iOS ќе бидат освежени со нова функционалност и изглед со вештачка интелигенција.

Новинарот на Bloomberg наведува дека Apple наводно ќе го донесе популарниот четбот ChatGPT4 на iPhone во договор случен со компанијата OpenAI на Сем Алтман.

Како и во случајот на Samsung и Google, Apple ќе ги извршува повеќето задачи со вештачка интелигенција на самиот уред, додека само најпребирливите задачи ќе биде извршувани во облак.

Марк Гурман уште претходно најави дека iOS 18 ќе донесе нови опции за прилагодување на интерфејсот. Ќе звучи смешно за корисниците на Android, но тврдокорните корисници на iPhone овие промени ќе ги сметаат за револуционерни.

Во својот нов билтен Power On, Гурман тврди дека iOS 18 ќе донесе можност за поставување на иконите на апликациите каде било на почетниот екран, како и опција за промена на бојата на иконите. Ова значи дека иконите на апликациите повеќе нема да бидат принудени да бидат во горниот дел од екранот, туку ќе можете да ги поставите каде што сакате, исто како на Android.

Доколку сакате, ќе можете и да ја промените бојата на иконите, така што сите апликации на социјалните мрежи можат да бидат во сина боја, банкарските апликации во зелена итн.

Како и вообичаено, очекуваме iOS 18 најпрвин да биде достапен како јавна бета верзија за оние кои сакаат да го испробаат, а официјалната премиера ќе ја чекаме до претставувањето на новата iPhone 16 серија смартфони.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------