фото: Инстаграм
АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Автомобилот со кој управуваше Дарко Лазиќ, кога вчера доживеа страшна сообраќајна несреќа е во потполност уништен.

Кога ќе го погледнете неговото БМВ, ќе сфатите дека е чудо како пејачот извлекол жива глава.

Автомобилот по несреќата се превртел на кров кој потполно е искршен од јачината на ударот.

Да потсетиме, вчера пејачот доживеа страотна сообраќајна несреќа во која се задоби со тешки телесни повреди.
Дарко Лазиќ е во критична состојба и лекарите сеуште се борат за неговиот живот.

Како што пренесуваат српските медиуми, Лазиќ е во кома и приклучен на апарати за дишење.

РЕКЛАМИ: