Home INFO Азис во очекување на своето трето дете: Полот во тајност, мајката исто...

Азис во очекување на своето трето дете: Полот во тајност, мајката исто (фото)

реклама:4U PHARMA

Во гинеколошката ординација, стоејќи до апаратот за ултразвук, контроверзниот буагарски пејач Азис откри дека повторно ќе стане татко, и тоа по третпат.

Од фотографијата се гледа дека бебето веќе има оформено раце и нозе и најверојатно ќе се роди наскоро.

Сепак, тој не ја открива идната мајка, а само нејзината руса коса сугерира како таа изгледа.

Не е познато ниту дали таа го родила и неговото второ дете во мај 2022 година.

И иако Азиз не споделува ништо за своите деца, тој и минатата година изненади со фотографии од бебе. Во мај објави фотографија со машко бебе и напиша: „Да се ​​стане татко по втор пат на 44 години е благослов! Тоа е момче”.

Потоа продолжи да објавува слики од него како го носи бебето во базен или го гушка во автомобилот.

Пејачот е мошне дискретен кога станува збор за неговите деца. Во јавноста е само познато името на неговата прва ќерка, Раја, која сега е тинеџерка.

„Реков, моите деца се табу во медиумите“, објасни ѕвездата.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------