Македонскиот драматург и сценарист Горан Стефановски почина завчера во Лондон на 66 години.
Многу негови пријатели и соработници од целиот регион се простија со уметникот преку социјалните мрежи.
Помеѓу најемотивните пораки беше и онаа која ја остави познатиот српски глумец, режисер и продуцент Светозар Цветковиќ:
– Нашата младост, нашиот свет на умот, нашиот театар и љубов во него, нашето Диво месо, Тетовирани души, нашиот Одисеј, нашиот постар брат на Влатко, нашиот Горан С… Си отиде.
Сергеј Трифуновиќ на својот Твитер профил напиша:
– „Хи Фи“, „Диво месо“, „Лет во Место“, Црна Дупка“… многу не инспирираше и одигра голема улога во моето формирање на сцената. Голем драматург.
Босанско – херцеговинскиот филмски и драмски режисер Дино Мустафиќ беше еден од многуте со кои соработуваше покојниот Стефановски.
– Драмите на Горан се мои балкански кров под кои се радост и гнев, инает и нежност, лудило и страст, хумор и солзи. Ќе ми недостасуваш многу драг мој пријателу, затоа што многу ветивме дека ќе направиме заедно!
Стефановски е автор на повеќе од 30 драми, меѓу кои се „Диво месо“, „Лет во место“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“.
Освен за театар, пишуваше и телевизиски и филмски сценарија.
Неговите дела се преведени на повеќе јазика, објавени во повеќе земји.