Home INFO Бар во Индија заработува продавајки свеж воздух (видео)

Бар во Индија заработува продавајки свеж воздух (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Индија за жал котира високо на листата на најзагадени држави во светот, а граѓаните во Њу Делхи со недели се гушат во смог.

Еден бар во Њу Делхи одлучил да се офајди од огромниот проблем на граѓаните па започнал да продава свеж воздух.

Како што пренесува “BBC”, за 15 минути свеж кислород, клиентите треба да платат 4 долари.

“Загаденоста во Њу Делхи достигна опасно ниво. Ова секако им дава мала оддишка на клиентите. Вдишувањето на кислород му помага на телото да се детоксицира од загадувањето”, изјавил сопственикот на барот.

Граѓаните кои доаѓаат на ова место велат дека се чувствуваат како грлото да им е блокирано поради воздухот.

“Тогаш се чувствувам под стрес, чувствувам болка и вкочанетост. Еден мој роднина ми го препорача барот и ми кажа дека свежиот кислород ќе ми помогне да се чувствувам подобро”, изјавила една посетителка на барот.

Иако по ова се чувствуваат подобро, некои клиенти сметаат дека цената е превисока и дека не сите можат да си го дозволат тој “луксуз”.

Сепак, стручните медицински лица не се воодушевени од оваа понуда.

“Баровите од овој тип се многу актуелни, но тешко е да се каже колку се ефективни. Нашиот проблем е лошиот квалитет на воздухот, а не ниското ниво на кислород, така што дополнувањето со кислород не помага никому”, објаснил д-р Ашиш Јаин.
“Штом ќе излезете надвор, се губи неговото својство, а тие профитираат на сметка на стравот кај луѓето”, заклучил докторот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------