Home INFO БЕСКРАЈНА ТАГА КОЈА ЌЕ ОСТАНЕ ЗАСЕКОГАШ, одржана концертната промоција посветена за Тоше...

БЕСКРАЈНА ТАГА КОЈА ЌЕ ОСТАНЕ ЗАСЕКОГАШ, одржана концертната промоција посветена за Тоше (ВИДЕО)

реклама:

Вчера Македонија повторно во еден глас пееше за Тоше Проески на концертот кој се одржа во Арената „Брис Трајковски“.

Пејачот кој прерано не напушти кога го изгуби својот живот во тешка сообраќајна несреќа вчера вечерта повторно го соедини регионот.

Каролина Гочева, Наум Петрески, Даниел Кајмаковски, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Александар Тарабунов, Антонија Гиговска, Александра Јанева, Владо Калембер, Бојан Маровиќ, Фрајле, Александра Радовиќ, Борис Новковиќ се дел од пејачите кои настапија придружувани од бендот на Тоше, кои повторно ги споделија сеќавањата, емоциите, болката за човекот со незамемлив глас, насмевка и харизма.

На концертот беа промовирани и две од песните од новиот постхумно објавен албум, за кои се изработени видео записи и тоа насловната – „Secret Place“ и песната “When I’ve got the sunlight“.

Албумот го продуцираше познатиот Енди Рајт кој вчеравечер и се обрати на публиката, употребувајќи ги омилените зборови на Тоше „Ве сакам сите.“

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------