Home INFO Без паника но добро е да се информирате: Кои се симптомите на...

Без паника но добро е да се информирате: Кои се симптомите на Корона вирусот и како да се зашитите?

реклама:

Светот е во паника и се превземаат мерки на претпазливост, а добро е сите да се изнформираме за новиот вирус Корона.

Кои се симптомите и како се пренесува?

Корона вирусот ги напаѓа горните дишни патишта и се манифестира со симптоми слични на настинка, а често се јавуваат и главоболки и зголемена температура која може да трае неколку дена.

Ризична група се лицата со послаб имунолошки систем, односно децата и повозрасните лица.

Со оглед на тоа што симптомите се како на настинка, консултирајте се со лекар, но не кревајте паника, сепак во голем дел случаи може да се работи за обична настинка.

За Корона вирусот е потребен контакт со заболено лице, како би се пренел.

Во зависност од тоа колку вирусот е агресивен, може да се пренесе преку секрет, односно преку кашлање и кивање, а дури и при ракување.

Вирусот може да се пренесе со допирање на предмети кои ги допрела инфицирана личност, посебно ако потоа ги допрете очите, носот или устата.

Корона вирусот има животинско потекло и потекнува од Кина.

Не постои вакцина против овој вирус, а основната хигиена е единствената која може да го намали ризикот.

Докторите се обидуваат да дадат подетални информации, но бидејќи се работи за релативно нов вирус, има уште многу да се проучува.

За да се заштитите колку е можно повеќе, мијте ги редовно рацете, избегнувајте контакт со лица кои имаат симптоми на настинка, на висока температура добро обработете ја храната од животински потекло и избегнувајте контакт со животни.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------