Home INFO Без свест и со сериозна инфекција, поп дивата Мадона е хоспитализирана! Се...

Без свест и со сериозна инфекција, поп дивата Мадона е хоспитализирана! Се откажува нејзината турнеја!

реклама:Лето во Банско

Поради хоспитализација на легендарната поп пејачка Мадона, се одложи нејзината најавена светска турнеја.

Според пишувањата на медиумите, таа била пронајдена без свест и дека најмалку една ноќ била интубирана, пред да биде отстранета цевката. Наводно сега е будна и се опоравува.
Покрај неа, постојано е ќерката Лурдес Леон.

Долгогодишниот менаџер на Мадона на Инстаграм ппотврди дека пејачката развила сериозна бактериска инфекција која резултира со неколкудневен престој на болничко одделение за интензивна нега.

Турнејата на Мадона требаше да почне на 15 јули во Ванкувер и да продолжи во уште 34 градови. Замислена е да се одржи под називот „Madonna: The Celebration Tour“ со цел да ги поведе нјезините обожаватели на уметничко патување низ четири децении во кое шејачката би дала почит на Њујорк, каде и ја започна својата кариера.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------