По пауза од 5 години, регионалната музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ објави нова песна.
Необичниот наслов на песната – „Добар Вам дан“ има одличен текст со потпис на Леонтина Вукомановиќ кој веднаш ве тера да размислувате за денешницата која ве опкружува.
Аранжманот е на Дарко Димитров, музиката на Леонтина, а за виолините е задолжен нашиот Роберт Билбилов.
Преку новата песна, Марија и зборува на публиката, им се обраќа на сите оние кои живеат во светот кој потсетува на џунгла, без можност за фер плеј.
„Добар ви ден, пропалици, уморни птици, каков ви е планот, да плукнете некој во лице!“
„Нека ви биде добра Новата година и онаа следната.. Ако ја има!“