Home INFO Бијонсе требаше да пее: Славниот фудбалер ја откажа свадбата

Бијонсе требаше да пее: Славниот фудбалер ја откажа свадбата

реклама:G Natural

Бијонсе требаше да пее на приватната забава по повод венчавката на Гарет Бејл, 29 годишниот фудбалер на Реал Мадрид, но тој ја одложи својата венчавка поради “семејни проблеми”, пренесува Дејли Мејл.

Според извори блиски до славниот фудбалер, неговата идна жена Ема потекнувала од проблематично семејство па парот мора да ги реши семејните проблеми пред да направи веселба во гламурозен дворец во Тоскана.

Имено дел од нејзините блиски роднини се занимавале со криминал и продажба на наркотици, а таткото на Ема одслушил казна затвор поради кражба на 2 милиони фунти од инвеститори ширум светот. Тие двајца не биле во добри односи па идната невеста се надева дека ќе успеат да ги надминат несогласувањата и да се смират пред свадбата.
Дел од семејството на Ема воопшто не биле поканети на свадбата на која се очекуваат многу познати личности.

Свадбата е одложена на неодредено време а со ова и најавениот настап на Бијонсе отанува неизвесен.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------