Home INFO Нема среќа со статуетките: Оскарот на Леонардо Ди Каприо е предмет на...

Нема среќа со статуетките: Оскарот на Леонардо Ди Каприо е предмет на истрага

реклама:

Освен признанието кое го доби во 2015 та година од Академијата за филмски уметности и науки, познатиот холивудски актер Леонардо Ди Каприо поседувал уште еден Оскар.

Имено, 44-годишниот актер, како подарок го добил Оскарот на Марлон Брандо од 1954 година, но ќе треба да го предаде на полицијата поради тужба.

Според “Њујорк тајмс”, малезискиот бизнисмен Џо Лоу, кој му подарил Оскарот на Лео, истиот го купил на аукција за 600.000 долари.

Во меѓувреме, Лоу е обвинет заедно со поранешниот премиер на Малезија за проневера од милијарда долари.

Покрај статуетката на Брандо, холивудскиот актер добил и други подароци од бизнисменот, вклучувајќи и слика од Пабло Пикасо и колаж од Жан Мишел Баскија.

​Лоу е во бегство, а според некои сознанија, се крие во Кина, каде наводно го кријат тамошните власти.

Академијата за филмски уметности и науки го задржува правото да ја откупи која и да е од статуетките по симболична цена од еден долар и се претпоставува дека токму таму ќе биде вратен Оскарот откако ќе заврши истрагата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------