Home INFO Бившиот сопруг на Моника Белучи очекува дете со 30 години помладата сопруга

Бившиот сопруг на Моника Белучи очекува дете со 30 години помладата сопруга

реклама:Велигден со Стаф

Бившиот сопруг на Моника Белучи (53), францускиот актер и режисер Винсет Касел (51) очекува трето дете со 30 години помладата манекенка Тина Канакеј (21).

Парот се појавил на филмска премиера, а Тина повеќе не можела да го прикрие трудничкиот стомак.

Винсет и Тина се венчаа оваа година а нивната врска особено поради големата старосна разлика предизвика огромно внимание во јавноста.

Младата Италијанка открила дека кога прв пат го запознала, не знаела кој е.

“Израснав на село. Немавме телевизија и не одевме во кино. Кога бев дете моите интереси беа сведени на училиште и фудбал” – изјавила Тина и тврди дека сфатила дека Винсет е популарен кога за време на една вечера ги опкружиле папараци.

Касел бил во брак 14 години со актерката Моника Белучи со која ги има ќерките Дева (13) и Леони (7).

Ниту тој ниту Моника не ги објасниле причините за разводот.

View this post on Instagram

WTF?! ❤️ #partnerzincrime

A post shared by Vincent Cassel (@vincentcassel) on

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------