Погребот на српскиот фолк пејач Шабан Шаулиќ најверојатно ќе се случи во понеделник како што јавуваат српките медиуми, но дека на погребот покрај роднините ќе има и голем број на фанови не се сомневаме.
Во меѓувреме во медиумите се коментира еден бизарен начин на еден босанец да заработи на нечија несреќа.
Она што го коментираат медиумите во регионот е шокантниот оглас кој што се појавил во Босна, во кој за 40 конвертибилни марки или 20 евра се нуди организиран превоз за погребот и седвич.