Home INFO Бојана Скендеровски гостуваше на Прва ТВ во Белград, нејзината нова песна е...

Бојана Скендеровски гостуваше на Прва ТВ во Белград, нејзината нова песна е хит во регионот!

реклама:hotel PREMIER

Нашата поп пејачка Бојана Скендеровски, заедно со познатиот српски композитор Саша Милошевиќ Маре гостуваа во живо во емисијата “150 минути” која се емитува на Прва Тв во Белград.

Повод за нивното гостување беше промоцијата на нејзината најнова песна “Среќа и несреќа” која има македонска и српска верзија.

“Среќа и несреќа” освен кај нас, наиде на одличен прием и кај српската публика, па Бојана веќе го потврди гостувањето на уште неколку еминентни српски тв станици.

Песната се врти на голем број радио станици кај нас но и кај нашиот северен сосед.

Понатамошната соработка со композиторот Маре продолжува, а пејачката најави промоција на уште една песна од истиот автор кон крајот на Септември оваа година!

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------