Home INFO Болест или тренд? Меган Маркл никогаш послаба (ФОТО)

Болест или тренд? Меган Маркл никогаш послаба (ФОТО)

реклама:Велигден со Стаф

Откако е со принцот Хари, Меган Маркл константно е под лупа на медиумите.
Овој пат војвотката е актуелна со својата тежина.

Неодамна славната кралска двојка присуствувала на хуманитарен настан каде се собирале средства за здружение кое го основал Хари, а се грижи за деца и млади луѓе заразени со ХИВ.

Меган ја изненадила јавноста со изборот на гардероба и се појавила во црн фустан над колена, па британските медиуми повторно пишуваат за нејзиното игнорирање на кралските правила.

Но повеќето погледи биле вперени во тенките нозе на војвотката од Сусекс која по венчавката драстично ослабна.
Откако стана дел од најмоќното кралско семејство, американската актерка морала да се прилагоди на потполно различен начин на живот.

Меган морала да го совлада кралскиот протокол кој налага строги правила на однесување, облекување и комуникација. Стресот кој и го предизвикал новиот живот очигледно го земал својот данок, па Меган видно ослабнала.

Медиумите шпекулираат дека губењето на килограми може да се последица од болест на штитната жлезда.

Што навистина се случува со омилената членка во кралското семејство, знае само таа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------