Иако се ожени минатиот месец изгледа дека Џастин Бибер тешко се носи со вестите поврзани со неговата бивша девојка Селена Гомез која е хоспитализирана заради уште еден емотивен слом.
Имено канадската поп ѕвезда во тешките моменти се осврнува кон својата вера, како што и овој пат го направи тоа. Но сега по посетата на црквата едноставно се скрши и е снимемен токму како неутешно плаче во неговиот автомобил кој го возела неговата сопруга Хилари.
Да потсетиме дека Бибер и Гомез со години беа пар но и со чести прекини и помирувања. Дефинитивно се разидоа на почетокот на годинава а шест месеци подоцна Бибер се ожени.