Home INFO Ги премина границите: Бредли Купер со еден потег ја повредил Лејди Гага

Ги премина границите: Бредли Купер со еден потег ја повредил Лејди Гага

реклама:

Лејди Гага доживеа огромен успех со своетео филмско деби во филмот „Ѕвездата е родена“, а нејзиниот партнер Џексон кој го глуми Бредли Купер е додаток кој ја залуди јавноста.

Од ден на ден фановите дознаваат се повеќе детали околу снимањето на филмот, а последниот повеќето ги шокираше.

Имено, толку многу Купер се соживеал со улогата во филмот што почнал и да импровизира до толку што неговиот коментар ја навреди Лејди Гага.

Се работи за сцената во која Гага се бања а пијаниот Џексон т.е Купер влегува во бањата и почнува да ја навредува говорејки дека е грда. Токму тој коментар за изгледот кој и не бил во сценариото и засметал на пејачката која останала во шок заради неговите зборови.

-Мојот шокиран израз на лицето беше вистински, јас сум многу несигурна во себе, сакам да давам коментари на други но сама тоа неможам да го применам – вели Гага

Од друга страна Бредли признава дека одглумил малку поинаку одошто било планирано но е исто така и воодушевен од реакцијата која што ја добил од пејачката.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------