Home INFO Брена во мисија да го спаси бракот на Карлеуша и Душко

Брена во мисија да го спаси бракот на Карлеуша и Душко

реклама:Велигден со Стаф

Пред некој ден во еден белградски ресторан биле забележани Лепа Брена и фудбалерот Душко Тошиќ сопругот на Јелена Карлеуша како разговараат, пренесуваат српските медиуми.

Имено пејачката се обидела преку сериозен разговор да им помогне да го зачуваат нивниот брак по аферите и несогласувањата меѓу фудбалерот и пејачката.

Таа на Душко му спомнала дека не треба да дозволи да го растури бракот со Јелена бидејки и таа имала несогласувања и измислени афери со Боба во минатото но секогаш успевале да го надминат тоа.

Брена му посочила и дека заради децата кои наскоро ќе бидат во пубертет треба убаво да размисли што понатаму ќе прави.

А на крајот сопственичката на Гранд ги поканила сите заедно да отпатуваат на викенд во Опатија на брод кај Саша Поповиќ, раскажал на медиумите добро упатен извор .

Што ќе одлучи Душко и дали ќе и прости на Карлеуша сеуште не одговорил ниту на Брена ниту во јавноста.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------