Секојдневно е актуелна на социјалните мрежи и во медиумите, па така она што денеска го пишуваат балканските портали е за неколку парчиња гардероба кои скандалозната пејачка Јелена Карлеуша ги носела на нејзиниот настап пред неколку дена во клуб во Макарска а биле меѓу последните хит парчиња на Версаче.
Имено само бодито кое што го носела Карлеуша чини 750 долари, а марамата исто така на Версаче, чини 350 долари.
Со ова уште еднаш покажа дека Карлеуша е модна икона и за неа нема компромис кога станува збор за гардеробата.