Home INFO „Брилијантин“ аутфитот на Оливија Њутон Џон е продаден за неверојатна сума

„Брилијантин“ аутфитот на Оливија Њутон Џон е продаден за неверојатна сума

реклама:Велигден со Стаф

Кожениот комплет што глумицата Оливија Њутн-Џон го носи во последната сцена од хит-филмот „Брилијантин“ е продаден на аукција за 405.700 долари.

Ова е двојно повеќе од очекуваното, а аукциската куќа не го соопшти името на купувачот, оти сакал да остане анонимен.

Брилијантин“ е снимен 1978 година, а во него Њутн-Џон ја глумеше тинејџерката Сенди, која се заљубува во Дени, ликот што го глумеше Џон Траволта.

Тесните кожени панталони што ги носеше во последната сцена од филмот биле стари две децении кога таа ги носеше на снимањето на филмот.

За потсетување, познатата глумица се лекува од рак на дојката, па дел од средствата од наддавањето ќе одат на сметката на нејзиниот центар за лекување рак во Австралија.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------