Пред еден месец, балканската инфлуенсерка Ула Шемоле (30) добила понуда која, како што рекла, не се одбива.
Поточно, наскоро ќе стане дел од најразузданите и најпопуларните забави во светот. Станува збор за забави организирани од страна мултимилионерот, попознат како „кралот на Инстаграм“, Дан Билзеријан (38).
– До соработката дојде преку социјалните мрежи. Јас и Дан имаме неколку меѓусебни пријатели, тој ми испрати понуда. И, тука сме каде што сме – рекла возбудената Словенка и додала:
„Дан е Дедо Мраз за возрасни. Кој не би се дружел со него?“
Билзеријан го следат речиси 30 милиони луѓе на Инстаграм, а сè што можете да видите на тој профил е низа скапи автомобили, ред голи девојки и на крајот, ред оружје.
Девојките кои позираат Дан се претежно супермодели, згодни инфлуенсерки и порно-актерки.