Home INFO Бројки од кои боли глава: Американците за време на Супербоулот ќе изедат...

Бројки од кои боли глава: Американците за време на Супербоулот ќе изедат 40 тони сирење и 12,5 милиони пици

реклама:Лето во Банско

В недела во Лас Вегас ќе се одржи најголемиот спортски настан на годината во САД, ќе се игра популарниот Супербоул, односно финалето во НФЛ-лигата меѓу екипите на Сан Франциско фортинајнерс и актуелниот шампион Канзас сити чифс, а според медиумите, Американците ќе потрошат неверојатна сума пари.

Проценките се дека дури 113 милиони луѓе во САД ќе го гледаат Супербоулот кои нема да штедат пари за храна и пијалоци.

Според истражувањата на Националниот совет за пилешка храна, Американците в недела се очекува да изедат 1,45 милијарда пилешки крилца и за кои ќе потрошат околу 623 милиони долари.

Американците в недела ќе изедат околу пет тони чипс, предвидува Премио фудс. Исто така ќе бидат конзумирани повеќе од 3,5 тони тортилја чипс, два тони переци и три тони пуканки.

Производителите на сирење очекуваат дека викендов ќе бидат изедени неверојатни 40 тони сирење, што е доволно да се покрие целиот стадион во Лас Вегас, каде што ќе се игра мечот за титулата.

И производителите на пица очекуваат голема заработка претстојниот викенд бидејќи се очекува да се изедат околу 12,5 милиони пици.

Пивото е најомилен пијалак за време на Супербоулот и се очекува да се испијат 1,3 милијарда литри пиво, за што би се потрошиле околу 1,3 милијарда долари.

Според проценките, Американците претстојниот викенд ќе потрошат повеќе од 16 милијарди долари за храна, пијалоци и сувенири.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------