Јелена Карлеуша денеска доби нова колешка,се работи за Анастасија Ражнатовиќ ќерката на Цеца нејзината вечна ривалка.
Анастасија Ражнатовиќ денеска ја објавила својата прва песна, која ја преслушала и Карлеуша, како што е ред својот коментар го објави на социјалните мрежи:
„Се плашам дека се она што луѓето навистина го мислат за Цеца, ќе се сруши на нејзината ќерка, која ќе биде колатерална штета заради својата мајка. Искрено, девојката има интересен вокал и израз, ако ја занемариме оваа „бучкуруш“ песничка. Може да престане да ги лајкува моите хејтерски страници и да ПЕЕ“ – напишала Јелена на Твитер.
Доколку уште не сте ја слушнале новата песна на Анастасија, можете да погледнете подолу како изгледа нејзиниот прв спот и како таа звучи.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------