Home INFO Чудо на векот: Ниту еден англиски навивач не бил уапсен во Катар!

Чудо на векот: Ниту еден англиски навивач не бил уапсен во Катар!

реклама:G Natural

Вообичаено на секој голем турнир, без оглед дали е Светско или Европско првенство, англиските навивачи често знаеле да бидат центар на внимание поради своето однесување, па дел од највоинствените да завршат и во притвор, а за некое чудо во Катар такво нешто не се случи.

Катарскиот организациски комитет, ама и британската полиција ги пофали навивачите од Англија, како и тие од Велс, за доброто однесување за време на Мундијалот и фактот дека немало ниту еден инцидент.

Посочени се дека биле пример за однесување на Мундијалот. Во Русија пред четири ипол години имаше само тројца уапсени за нарушување на јавниот ред и мир, иако и тој Мундијал мина без инциденти помеѓу навивачите.

„Тоа што имаме нула уапсени е нешто што сите ги изненади, зашто такво нешто сме немаче. Не дека во минатото имало многу, но имало по некој, сега таа бројка е – нула“, рекоа од британската полиција.

Англија на секој меч во Катар имаше по 3.000 навивачи, а дополнителни 3.500 дојдоа за време на нокаут мечевите во осминафиналето и четвртфиналето.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------