Home INFO Цеца Ражњатовиќ проговре за својата здравствена состојба по корона инфекцијата

Цеца Ражњатовиќ проговре за својата здравствена состојба по корона инфекцијата

реклама:ХитКујна канал

Српската фолк пејачка Цеца беше заразена со коронавирусот непосредно по раѓањето на нејзиниот внук Жељко.

Таа гостуваше во емисијата „Хит твит“ каде ја кометираше моменталната епидемиолошка состојба во Србија.

На прашањето од водителката како нејзината индустрија поминува низ сегашната криза поради епидемијата, Цеца истакна дека луѓето со професии кои имаат врска со сцената едвај преживуваат денес, но и дека сите сме загрозени и дека не смееме да се шегуваме со ситуацијата.

„Ние мора да продолжиме да се штитиме. Направив тест за антитела и ги имам, но нема шала со тоа“, рече Ражнатовиќ и додаде:

„Короната постои и ги напаѓа луѓето, сега се прошири и на младите и на децата. Можеме да видиме дека сите се загрозени “, рече пејачката.

Цеца изрази сомневање дека коронавирусот, во меѓувреме, „претрпел модификација“.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“