Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Цеца Ражнатовиќ успеа да го скрие криминалот и го блокираше документарецот на...

Цеца Ражнатовиќ успеа да го скрие криминалот и го блокираше документарецот на Јутјуб

реклама:G Natural

Откако поминаа само три дена по емитувањето на телевизија и објавувањето на Јутјуб, веќе е блокирана документарната емисија „Српска мајка“, која се занимава со криминалното минато на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, информираат српските портали.

Ова воедно била и осмата епизода од серијалот „Јунаци доба злог“, кој се емитува на N1 телевизија.

Оваа епизода од серијалот подигна голема прашина во српската јавност, но и во целиот регион уште пред да биде емитувана, бидејќи Цеца настојувала да го спречи емитувањето.

Нејзиниот адвокат упатил барање до редакцијата на N1 Телевизија, а потоа и до продукцијата, емисијата да не се емитува, под закана за тужби.

Но сепак она што го спречиле било само овој документарец да може да се гледа на Јутјуб бидејки бил блокиран по три дена по пријава на Цеца за кршење на авторски права.

Емисијата не се занимава со естрадната кариера на Цеца Ражњатовиќ, туку авторката Јована Полиќ се фокусира на нејзиното криминално минато, бракот со Жељко Ражнатовиќ – Аркан, но и врските со злогласниот Земунски клан, нејзиното апсење по убиството на тогашниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, планираното киднапирање на сопственикот на Pink TV, Жељко Митровиќ и финансиските истраги.

Авторката на филмот, Јована Потиќ коментирајќи ги сите случувања околу емитувањето на серијалот, истакна дека Цеца се обидела да го сопре емитувањето затоа што ја вознемирува сопствената биографија.

„Ако за неа е било што вознемирувачко, тоа сигурно нема никаква врска со авторксиот дел што го направивме Сања Лончар, Славиша Лекиќ и јас. Бидејќи кога вие реагирате пред да биде измонтиран и еден кадар од емисијата, кога реагирате пред да биде снимен некој соговорник, кога реагирате пред да биде напишана и една буква од сценариото, тогаш ви е потполно јасно дека не ве вознемирува содржината на емисијата, туку исклучиво содржината на сопствената биографија“ – изјави Потиќ за Nova.rs.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“