Home INFO Да научат дека животот не е бајка: Ова го работеле синовите на...

Да научат дека животот не е бајка: Ова го работеле синовите на Брена додека студирале во странство

фото: принтскрин/Instagram
реклама:Лето во Банско

Српската пејачка Лепа Брена и нејзиниот сопруг, екс тенисерот Бобо Живојиновиќ, важат за еден од најбогатите брачни партнери во регионот.

Да се биде дете на популарни и ултра богати родители има свои предности, но во случајот на Брена ова не значи буквално ништо доколку децата одлучиле да живеат и студираат во странство.

Стефан и Филип Живојиновиќ, синот и посинокот на Брена студирале во Америка а како изгледал нивниот живот, пејачката открила во интервју за Glossy.

“Таму сами заработуваа бидејќи така сакаа. Многу од нивните пријатели таму немаa доволно финансии да живеат лагодно, па Филип и Стефан им помагаа и работеа како келнери и некои слични занимања- изјавила Брена.

“И мене ми се допадна оваа нивна одлука, бидејќи на овој начин научија дека животот не е бајка. Мора да се работи, без оглед дали сте најбогат или пак најсиромашен”- додава пејачката.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------