Home INFO Да не ти се верува: Бившиот сопруг на Наташа Беквалац стана животен...

Да не ти се верува: Бившиот сопруг на Наташа Беквалац стана животен тренер!

реклама:Велигден со Стаф

Лука Лазукиќ. бившиот сопруг на пејачката Наташа Беквалац и обвинет за нејзино физичко малтретирање, стана life coach (животен тренер).

Лука има веб сајт преку кој дели совети за животот, однесувањето и водењето на бизнис.

Страната изобилува со мудри цитати, а од делот каде се опишува себе си, ги споменува и ќерките Ира и малата Катја, ќерката на Наташа. Се опишува како татко кој секогаш наоѓа време да им се посвети на децата.

Да потсетиме, пред неколку месеци Беквалац го пријави во полиција Лука со кој тогаш беше во брак за физички напад.

Многу кратко по породувањето, Лазукиќ во пијана состојба буквално ја претепал по што следеше судски процес кој сеуште трае.

Наташа наиде на огромна поддршка од јавноста и сеупте се опоравува од семејното насилство кое го доживеа.

Доколку ве интересира, ОВДЕ може да погледнете детали од новата професија на Лука

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------