Откако Божиќните празници ги помина во карантин светскиот број еден тенисер Новак Ѓоковиќ и понатаму е заглавен во хотел за мигранти во Австралија заради како што се зборува погрешно пополнети документи за виза но и затоа што не е вакциниран за корона.
Дали по денешното судење ќе заврши голготата на тенисерот и тој ќе биде депортиран или ќе му биде дозволено да влезе во државата ќе се знае вечерва.
Судењето е закажано за 10:00 часот наутро по локално време, а на полноќ по македоско.
Од Австралија стигна порака дека ќе може да се следи и директно судењето на Ѓоковиќ.
„Постои вообичаено дискреционо право судијата да одреди во одредени случаи, само одредени луѓе да бидат присутни во текот на сослушувањето, но и дека некои луѓе не може да бидат присутни на процесот. Ако некој член на јавноста сака да ја следи и слуша расправата, ве молиме да го контактирате судијата по пат на е маил пошта до 8:30 часот пред почетокот на рочиштето“, стои во објаснувањето на сајтот.
Оваа е официјалниот сајт на кој ќе може да се следи сослушувањето.
https://www.fcfcoa.gov.au/gfl/courtlists/vic/melbourne