Home INFO Дали правилно го подготвувате чајот?

Дали правилно го подготвувате чајот?

реклама:Велигден со Стаф

За време на ладните и дождливи денови, нема ништо поубаво од тоа да испиете шоља топол чај.

Вистинските познавачи ќе го одберат црниот и тоа со млеко. Но, дали сте сигурни дека знаете како правилно се подготвува?

Ако сакате чај, и самите веќе знаете, прво загрејте ја водата, па во неа ставете кесичка или листови чај, пуштете да одстои, па исцедете.

Млеко, мед, шеќер, лимон, рум или некои други додатоци, се ставаат на крај.

Дури и Бритнаците, кои се експерти во правење чај, цвсто се држат до ова правило. Меѓутоа, според Британскиот инстититут на стандарди, тоа е погрешно. Во шољата прво би требало да го ставите млекото.

– Искуството покажа дека најдобрите резултати се постигнуваат кога температурата на течноста е меѓу 64 и 80 степени, која настанува кога во водата се додава во млекото, тврди Британксиот инстититут на стандарди.

Обожавателите на чај полудеа по трендот во шољата прво да се стави млеко, а после тоа чајот. Исто така, тоа млеко би требало да е свежо, непастеризирано и никако топло, затоа што ќе му го расипе вкусот на чајот.

Како вие го пиете вашиот чај?

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------