Home INFO Дали сте метеопат?

Дали сте метеопат?

реклама:Велигден со Стаф

Иако метеопатијата (метеоропатијата) е позната одамна,а современите истражувања официјално го потврдија огромното влијание на временските услови врз нашето тело.

Терминот потекнува од грчките зборови метеорон (небесни феномени) и патос (болест, страдање). Се однесува на проблемите што се случуваат под влијание на одредени климатски услови – промени во температурата, притисок, влажност или износ на дневна светлина.

Лицата подложни на метеопатија се нарекуваат метеопати.

Метеопатите се натпросечно подложни на промени во расположението, болка или различни форми на непријатност пред почетокот на климатските варијации. Вообичаените симптоми се раздразливост, анксиозност, несоница, депресија, потиштеност, телесна слабост или болка. Метеорските проблеми најчесто се јавуваат по ветровити епизоди и бури, придружени со пад во атмосферскиот притисок, дожд, влага и облачност.

Некои луѓе, кои се чувствителни на промените на времето, може да се чувствуваат уморно и да имаат проблеми со спиењето. Други стануваат нервозни и напнати, а трети чувствуваат болка, особено на зглобовите, мигрена, астма или алергии. Ранлива категорија се и луѓето кои страдаат од остеоартритис, нерви, болки во грбот, жолчка и камења во бубрезите, како и оние со ампутирани екстремитети.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------