Home INFO Невреме и дождови: Пристигна циклонот Кристијан

Невреме и дождови: Пристигна циклонот Кристијан

реклама:

Нашата држава деновиве е под влијание на циклонот Кристијан.
Според метерологот Славчо Попоски, Кристијан ќе донесе врнежи насекаде кои ќе се интензивираат.

Локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, температурите на воздухот пак краткотрајно ќе се намалат, а потоа повторно ќе бележат тенденција на пораст.

На највисоките планински места повремено ќе има услови и за врнежи од снег.

Од денес локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Поради циклонот Кристијан, особено земјоделците ќе и стават крај на долготрајната суша која ја зафати нашата држава. Нестабилното време ќе се задржи подолго време, но за среќа не очекуваме некој изразен студен бран.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------