Home INFO Дали „Ток-ток“ ќе биде забранет во Америка?

Дали „Ток-ток“ ќе биде забранет во Америка?

реклама:Велигден со Стаф

Социјалната мрежа „Тик-ток“ е доста популарна меѓу младите луѓе насекаде низ светот.
Но, компанијата која е во кинеска сопственост долги години се сочува со прашањето за безбедноста на податоците на корисниците и нејзините врски со владата во Пекинг.
Американските политичари дебатираат за закон што ќе ја принуди матичната компанија на „Тик-ток“ да ја продаде апликацијата, но поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше предлогот, и покрај тоа што претходно ја поддржа забраната.
На што се должи толкавата популарност на „Тик-ток“?

„Тик-ток“ е апликација која им овозможува на луѓето да објавуваат, споделуваат и коментираат видеа, главно кратки. Видеата можат да траат од три секунди до три минути, а корисниците можат лесно да ги уредуваат клиповите користејќи филтри, музика и визуелни ефекти.
Апликацијата стана популарна меѓу младите луѓе кои можат да учествуваат во популарни трендови и различни предизвици.
„Тик-ток шоп“, онлајн продавница посветена на платформата, им овозможува на корисниците да купуваат производи, вклучувајќи ги и оние што се прикажани во видеата на креаторот. Од почетокот на 2019 година „Тик-ток“ се наоѓа на врвот на топ-листите за преземање апликации.

„Тик-ток“ е во сопственост на кинеската компанија „Бајтденс“, основана во 2012 година. Компанијата, со седиште во Пекинг, е регистрирана на Кајманските Острови и има претставништва низ Европа и САД.
Главен извршен директор на платформата е сингапурскиот претприемач Шо Жи Чу, иако некои аналитичари веруваат дека основачот на „Бајтденс“, Џанг Јиминг, носи многу од клучните одлуки.
Во срцето на „Тик-ток“ е неговиот алгоритам. Станува збор за збир на инструкции во апликацијата што одредува каква содржина ќе му се прикажува на корисникот врз основа на податоците што претходно ги гледал или коментирал.
Политичарите и регулаторите низ светот се загрижени за кинеската сопственост на „Тик-ток“, и покрај напорите да ги убедат дека апликацијата е безбедна.

Како и многу други апликации за социјално вмрежување, и „Тик-ток“ собира податоци од корисниците, но се соочи со дополнителна проверка за тоа колку собира и кој може да пристапи до нив. Критичарите особено стравуваат дека информациите би можеле да паднат во рацете на кинеската влада, што раководството на „Тик-ток“ и „Бајтденс“ жестоко го негира.

Кон крајот на 2022 година една британска новинарка откри дека ја следат преку профилот на нејзината мачка. Во 2023 година многу институции, вклучително британскиот Парламент и влада, Европската Унија и Белата куќа на САД, им забранија на вработените да ја користат апликацијата на официјални телефони.

Овој месец американските политичари од двете големи партии, Демократската и Републиканската, воведоа нацрт-закон за компании контролирани од „странски противник“.

Доколку нацрт-законот помине во двата дома на Конгресот, од „Денсбајт“ ќе се бара да го продаде „Тик-ток“ во рок од шест месеци, или ќе се соочи со забрана од американските продавници за апликации и платформите за веб-хостинг.
Претседателот Џо Бајден изјави дека ќе го потпише законот доколку биде усвоен од Конгресот.

Предлог-законот следува по претходните напори на американските власти да го ограничат пристапот до апликацијата, наведувајќи ги ризиците за националната безбедност.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп неуспешно се обиде да ја забрани апликацијата за време на неговиот мандат во 2020 година.

Но, Трамп, кој повторно ќе се кандидира за претседател овој ноември, сега го критикува предложениот закон, велејќи дека ограничувањето на „Тик-ток“ ќе му донесе неправедна корист на „Фејсбук“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------