Home INFO Дарко Лазиќ немал здравствено осигурување! Колегите го тешат семејството, тие ќе ги...

Дарко Лазиќ немал здравствено осигурување! Колегите го тешат семејството, тие ќе ги покријат трошоците

реклама:Велигден со Стаф

Состојбата на Дарко Лазиќ кој по сообраќајната несреќа која се случи на 23 Октомври е во болницата во Земун, од ден на ден е подобра.

Тој долго време ќе се задржи во боница со оглед на тоа дека прогнозите за неговото здравје се сеуште неизвесни.

Го чекаат и неколку операции, вградување на вештачки колк,па јасно е дека процесот на опоравување ќе биде тежок и долг.

Она што е познато е дека пејачот нема возачка дозвола, истата му била одземена поради сообраќаен прекршок уште во 2013 година.

Но како што известуваат српските медиуми, Дарко нема ниту здравствена книшка.

Единствен документ за идентификација бил неговиот пасош. Важноста на личната карта му истекла а Лазиќ не ја обновил.
Не плаќал ниту здравствено осигурување, кога бил болен посетувал приватни клиники. Млад и полн со енергија, не ни сонувал дека еден ден ќе заврши во болница, раскажал извор за српски Телеграф.

Наводно болничките трошоци за досегашното лекување изнесувале неколку десетици илјади евра. Со оглед на тоа дека следат уште многу интервенции, оваа бројка вртоглаво ќе порасне.

Колегите на Лазиќ му порачале на неговото семејство да не се грижи за финансиите, тие ќе ги покријат сите трошоци за лекувањето.

– Доколку треба да се помогне и да се плати неговото лекување, јас сум тука. За сите колеги, а камоли за Дарко. Што и да треба ќе помогнам. Тој е душа од човек! – изјавила за Телеграф.рс Милица Павловиќ.

Џеј Рамадановски, Милан Топалко, Дара Бубамара, Аца Лукас и многу други имиња од српската естрада секојдневно се интересираат за состојбата на Дарко и се подготвени да му помогнат финансиски доколку има потреба.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------